Иран би можел да се откаже од високо збогатениот ураниум заради договорот со САД

Иран е подготвен да се согласи на договор за нуклеарната програма, во преговорите со Соединетите Американски Држави, во замена за укинување на економските санкции, изјави советникот на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, Али Шамкани.

Во интервју за NBC News, тој рече дека Иран ќе се обврзе никогаш да не произведува нуклеарно оружје и дека ќе се ослободи од своите залихи на високо збогатен ураниум.

Шамкани, исто така, рече дека Иран ќе се согласи да збогатува ураниум само на пониските нивоа потребни за цивилна употреба и ќе им дозволи на меѓународните инспектори да го следат процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот