Албанија - Фото: pexels-fatjon-kapllanaj

Инвеститорите ги меркаат недвижностите во Албанија, Црна Гора и Македонија

Туризмот, ниските цени и перспективата на ЕУ ги охрабруваат инвестициите и развојот на пазарот. Во Црна Гора, поранешната тврдина Мамула, позната по својата темна историја, е претворена во луксузен хотел. На албанската ривиера, во близина на Валона, е изграден ексклузивниот комплекс Грин Коаст, додека во Драч се реализира амбициозен проект за реконструкција на главното пристаниште, вклучувајќи луксузна марина и станбен и угостителски центар, пишува авторот Герд Хибнер во германскиот дневен весник Ханделсблат, кој се фокусира на економски прашања. Тој наведува дека големите хотелски синџири како што се Хилтон, Мариот и Интерконтинентал сè повеќе инвестираат во регионот, што се толкува како знак на доверба во неговиот туристички потенцијал.

„Списокот на проекти и нови градби во Црна Гора, Албанија и Македонија продолжува“, нагласува Ханделсблат, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.

Текстот нагласува дека промените се видливи и го цитира Ерион Метоја од Aлбаниа Имобилиен Инвест, кој вели: „Пазарот на недвижности во Албанија веќе добро се разви, продажбата се зголеми за трипати до четирипати.“

„Сепак, цените сè уште се релативно ниски. Овие пазари сè уште се сметаат за скриени бисери на Европа, а земјите стануваат сè попопуларни меѓу туристите“, пишува весникот, наведувајќи дека „во 2024 година, околу 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија, што е зголемување од 15 проценти во споредба со претходната година. Сличен удел на туризмот во БДП е забележан и во Црна Гора.“ „Економскиот раст е забележлив: албанската економија треба да порасне за околу 2,4 проценти оваа година, во Црна Гора за околу 3 проценти, а во Македонија за 3,2 проценти.“

Во текстот се наведува дека преговорите за пристапување во ЕУ дополнително го поттикнуваат оптимизмот на пазарот на недвижности во регионот.

„Аналитичарите посочуваат на паралела со Хрватска, каде што цените на недвижностите пораснаа по пристапувањето во ЕУ.“ Во текстот понатаму се наведува дека во Скопје, главниот град на Македонија, „нови станови можат да се купат за 1.500 до 2.500 евра по квадратен метар“. „Во Црна Гора, во Котор или Добра Вода, становите можат да се најдат во сличен ценовен опсег, додека куќите со базен чинат помеѓу 500.000 и 750.000 евра“, пишува Ханделсблат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!