Инспекторите на ДИЖС биле законски обврзани веднаш да земат примероци од водата во Крива Река, вели поранешната министерка Шукова

„Инспекторите имале обврска веднаш да земат примероци според законот за инспекциски надзор во животна средина. Зошто не зеле, тоа ќе утврдат истражните органи“, вели поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова.

Хаваријата во рудникот „Тораница“ на 14 март била пријавена навреме, а инспекторите при увидот не зеле примероци од реката за да утврдат дали таа е загадена. Ова не му пречеше на Инспекторатот дента во официјално соопштение да го прифати објаснувањето на компанијата „Булмак 2016“ дека водата која истекла во Крива Река од пукната цевка во рудникот не содржела опасни материи (иако ДИЖС тоа не можел да го утврди без инспекторите да земат мостри од водата). По ова, следниот ден градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, организираше земање примероци од водата, во која приватна, независна лабораторија утврди многукратно зголемени нивоа на арсен, цијанид, олови и други штетни материи во реката. Митовски по еколошката катастрофа најави и кривична пријава за компанијата која стопанисува со рудникот.

„Инспекторите биле многу доцна на местото. Прашање е и зошто биле таму толку доцна. Каде и да биле во државата, за два часа се стигнува до кое било место“, рече Шукова во „Топ тема“ на „Телма“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот