
ИНФОГРАФИК: Колку ракетни тестови има извршено Северна Кореја?
Оваа недела Северна Кореја по пет години лансираше балистички проектил што го прелетала јапонското копно, што налета на остри реакции од голем број на светски сили. Токио соопшти дека не биле преземени одбранбени мерки за уништување на ракетата, прва што прелета над јапонските острови од 2017 година.
Препорачано
Според извештаите, проектилот поминал 4.500 километри, пред конечно да падне во Тихиот Океан. Со таков дострел, тестираната ракета би можела да го погоди американскиот остров Гуам доколку биде истрелана по друга траекторија.
Ракетните тестови на Северна Кореја се интензивираа во 2022 година, а веќе во јуни беа на рекордно високо ниво. Како што покажуваат податоците од Иницијативата за нуклеарна закана, тестирањето на вакви проектили од страна на Северна Кореја повторно е во пораст по 2018 година, кога земјата не изврши ниту еден тест. Во 2018 и почетокот на 2019 година, два самита меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп ги запреа таквите тестирања, но на крајот не даде конкретни резултати бидејќи реториката меѓу двете нации повторно брзо се вжешти.
2019 година заврши со исто толку ракетни тестови како и 2017 година, кога демонстрацијата на Северна Кореја за нејзината способност да стигне до САД со своите ракети доведе до дипломатска криза.
Иако немаше тестови со интерконтинентални и проектили со среден дострел меѓу 2018 и 2021 година, годинава Северна Кореја веќе изврши еден таков успешен тест.
Видови на балистички проектили
Според податоците, Северна Кореја од 2012 година досега извршила тестови со краток, среден, долг и интерконтинентален дострел. Постојат и неколку други видови на проектили кои засега остануваат непознати.
Проектилите со краток дострел се оние кои имаат опсег од 300 до 1.000 километри. Оние со среден дострел имаат опсег од 1.000 до 3.500 километри, додека оние со долг дострел имаат опсег од 3.500 до 5.500 километри. Интерконтиненталните проектили имаат дострел со опсег над 5.500 километри.
Северна Кореја од 1984 година има извшрено 191 ракетни тестови.