
Инфлуенсерка почина во текот на естетска операција: Ѝ откажало срцето…
Бразилската инфлуенсерка и претприемачка почина по срцев удар во текот на естетска операција. Претставници на болницата изјавија дека пациентката имала сериозна компликација слична на белодробна емболија, пишува „Пипл“.
Препорачано
Наталија Каванелас почина на 41-годишна возраст по срцев удар во текот на естетска операција, објави „Си-ен-ен Бразил“. Трагедијата се случила на 7 јули, а бразилското Министерство за јавна безбедност ја опишало смртта како „ненадејна“.
Според официјалните информации, естетскиот зафат го извел доктор Едгар Лопез во болничка средина, со почитување на сите безбедносни протоколи и претходни прегледи. Претставници на болницата изјавија дека пациентката имал сериозна компликација слична на белодробна емболија, која може да се појави дури и со сите мерки на претпазливост и е позната во медицината.
Докторот Лопез, кој има повеќе од 20 години искуство во естетската хирургија, е познат по својата „етичка и одговорна работа“, стои во официјалното соопштение.
Точната причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата спроведена од Институтот за судска медицина во Сао Паоло. Наталија Каванелас беше активна на Инстаграм, каде што ја следеа повеќе од 105.000 луѓе, а водеше и онлајн платформа за поттикнување на женското претприемништво, преку која собра повеќе од 800 жени.
Нејзиниот сопруг Рафаел Томазела се збогува со неа.
– Сите знаеме каква жена беше Наталија. Прекрасна, независна, исклучително професионална, весела и полна со други прекрасни квалитети. За жал, Наталија нè напушти вчера, но таа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и во нашите срца – напиша тој, а потоа додаде:
– Бевме во брак неколку години, а плод на нашата љубов е нашата ќерка Маноела, најголемиот подарок што го добив во мојот живот. Маноела е толку слична на својата мајка, дури и по карактерот – таа е многу комуникативна, исто како Наталија. Мислам дека наследи сè од неа, а денес гледам колку благослов е тоа. Секогаш ќе ѝ раскажувам на Маноела за тоа каква беше нејзината мајка – неверојатна жена, која беше сакана и почитувана од сите. Секогаш ќе ја носиме со нас, таа ќе остане жива во нашите сеќавања. Збогум, моја љубов, сопруга, мајко, Нат Каванелас. Почивај меѓу ангелите.