Индустриското производство со раст од 2.8 % во првото полугодие

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 2.8 %. Во јуни, пак, во споредба со минатогодишниот јуни, забележан е раст од 0.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 29.3 %.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.6 %, Капитални производи за 2.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 24.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот