руски борбен брод фото: EPA PHOTO/LEONID YAKUTIN

Инцидент на Балтикот: Руски брод стрелаше кон германски хеликоптер

Нов инцидент се случи во Балтичкото Море кога по зголемените тензии меѓу Русија и Западот каде екипаж на руски брод истрелал сигнална муниција кон германски хеликоптер.

Имено, како што јавува новинската агенција ДПА германскиот хеликоптер бил под оган од рускиот патролен брод за време на извидувачка мисија којашто ја обавувало германското летало.

Запрашан за инцидентот на редовната прес-конференција, портпаролот на германското Министерство за одбрана рече дека не може да го потврди инцидентот.

Сепак, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го спомена инцидентот за време на состанокот на НАТО, иако со малку детали. Се подразбира дека овој тип на муниција се користи само во итни ситуации.

Според баварскиот весник Mittelbaierische Zeitung, Балтичкото Море е често посетено од руски бродови кои сакаат да ги избегнат санкциите воведени по почетокот на инвазијата на Украина пред повеќе од две и пол години. Според истото издание, сепак станува збор за танкер а не за воен брод.

Бурбок најави повеќе патроли како средство за борба против порастот на руските методи за хибридно војување против Западот. Русија е осомничена дека користела агенти за спроведување операции во обид да сее несигурност преку НАТО.

Зголемените германски патроли се дел од напорите за обезбедување на каблите и цевководите во Балтикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот