Фото: Freepik

Импозантно: Оваа земја има најмногу порно-ѕвезди на милион жители

Веб-страницата „Ворлд оф статистикс“ (World of Statistics) објави интересна листа која го рангира бројот на порно-ѕвезди на милион жители, а на прво место се најде Чешка со импозантна бројка од 86,19 порно-актери.

По неа, на списокот е Унгарија со 85,05 ѕвезди на филмови за возрасни на милион жители.

Разликата меѓу првата и втората позиција во однос на третата е значајна ако се земе предвид дека по Чешка и Унгарија следат Соединетите Американски Држави со 27,25 порно-ѕвезди на милион жители.

Во првите десет се и Летонија, Порторико, Јапонија, Канада, Словачка, Шпанија и Романија.

Кога станува збор за земјите од регионот, на списокот се Словенија со 2,86 и Србија со 2,79 порно-ѕвезди на милион жители.

На самото дно на списокот се Тајланд со 0,79; потоа следат Мексико со 0,73 и Јужна Кореја со 0,52 актери во филмовите за возрасни на милион жители. Ова се податоците на веб-страницата „Фреонс“ од 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот