фото Архива

Имигрант од Руанда призна дека убил католички свештеник во Франција

Имигрант од Руанда денеска и се предаде на полицијата во западна Франција, признавајќи дека убил католички свештеник, изјави за франциски медиуми извор близок до истрагата.

Полицијата го пронајде денеска телото на убиениот свештеник во Сен-Лоран-сур-Севр, во регионот Ванде, откако претходно осомничениот отишол во полициска станица и го признал делото.

Изворот нагласи дека осомничениот веќе бил под надзор на полицијата под сомнение дека учествувал во палењето на катедралата во Нант 2020 година, пренесува Телеграф.

Локалните медиуми посочуваат дека 40-годишниот Емануел Е до смрт го претепал 60-годишниот свештеник рано изутринава.

Сенаторот од Венди, Бруно Ретало, рече дека жртва е Оливие Меир и дека е шокиран од убиството. Тој додаде дека локалната католичка црква и убиениот свештеник обезбедиле сместување за тоа лице од Руанда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!