Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Имало злоупотреби во повеќе здравствени установи, вели директорот на ФЗО Клековски

Фондот за здравствено осигурување констатирал многу злоупотреби во повеќе здравствени установи во земјава. Директорот Сашо Клековски во интервју за „Алсат“ рече дека се поднесени кривични пријави против шестмина директори. Клековски очекува обвинителството да постапи брзо, притоа потенцирајќи дека неколкупати контактирал со надлежните за да праша до каде се истрагите.

Тој вели дека се работи за директор на здравствена установа во Тетово, додека останатите пет се од Скопје. Клековски појасни дека станува збор за индивидуални и структурни злоупотреби.

Друг проблем со кој се соочуваат здравствените установи е долгот на здравствените установи. Клековски рече дека долгот достигнува 5 милијарди денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот