
Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица
Политичките партии преговараат за измените на Изборниот законик и за вовоедување на една изборна единица, изјави денеска министерот за правда Игор Филков. Со една изборна едница поголема шанса би им им се дала и на независните кандидати и на помалите партии. Прашањето стана актуелно пред околу две недели, но до одржувањето на локалните избори има околу 4 месеци, односно се закажани за октомври годинава.
Препорачано
-Преговорите се во тек но не ги водиме ние. Се водат меѓу сите политички чинители а ние сме само дел од тие преговори. Во делот на Министерството за правда, спремни сме и вградени се препораките на ОДИХР, рече министерот за правда Игор Филков.
Филков денеска на прес конференцијата во својство на претседавач со Центаралниот одбор на ЗНАМ додаде дека силно се залагаат за одвојување на партијата од државата и се спремни уште утре да има избори со било каков модел.
Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо да има една изборна единица, но само со можност да гласа и дијаспората.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска го повтори ставот на Мицкоски.Лидерот на СДСМ, Филипче, изрази подготвеност за разговори за една изборна единица, вклучително и прашањето за цензусот, како и за отворените листи. И од ДУИ се согласни за промена на зиборниот модел.
Против засега е само Алијанса за Албанците на Зијадин Села. Демократски сојуз и ЛДП пред некој ден излегоа со свои иницијативи за измени на Изборниот законик со фокус на воведување на една изборна единица.