
Има нова измама со станови преку социјални мрежи, алармира полицијата
Велешката полиција за два дена забележала два одвоени случаи на измама која се прави преку социјалните мрежи. Се работи за шема во која жртвите се лажат да платат пари однапред за изнајмување на стан кој всушност и не постои, пишува „СДК.мк“.
Препорачано
„На 2 октомври во 19:30 часот во СВР Велес, 38-годишна жена од битолско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 28.400 денари. Според пријавеното, таа се зачленила во група на социјална мрежа со цел да најде стан под закуп во Скопје, по што била контактирана од лицето Н. П., а откако се договориле, парите за закуп електронски ги уплатила на банкарска сметка. Како што е пријавено, потоа лицето било недостапно за контакт и сфатила дека била измамена. Исто така, на 1 октомври, 42-годишна велешанка на ист начин била измамена за сума од 15.000 денари за закуп на стан во Велес“, вели портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.
МВР апелира луѓето да бидат внимателни кога комуницираат со непознати на социјалните мрежи, особено кога им бараат пари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
42мин
-
60мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5