Им се случува и на Швајцарците: Владата погрешно проценила колку пари ќе бидат потребни за пензии!

Швајцарската влада објави дека погрешно ги пресметала трошоците за пензии, што значи дека за пензии ќе се трошат помалку пари од претходно планираното. Имено, констатирано е дека дефицитот во исплатата на пензиите ќе изнесува четири милијарди франци до 2033 година, додека претходно се проценуваше дека овој дефицит ќе изнесува седум милијарди франци, објави Кликс.ба.

Помалиот од прво проценетиот дефицит е добра вест, но пензиите остануваат проблематично прашање во Швајцарија, при што многу жители на земјата се чувствуваат „заведени“ од Владата. Речиси 60 отсто од Швајцарците на референдумот во март гласаа 13-тата пензија да се исплаќа од 2026 година. Од друга страна, 75 отсто од оние кои на истиот референдум, гласале против зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години. Овој референдум беше историски момент за Швајцарија бидејќи ниту еден социјален трошок во оваа земја не е зголемен со референдумска одлука од 1848 година. Многумина се залагаа за 13-та пензија поради зголемените трошоци за живот, иако министрите советуваа да се гласа против 13-та пензија.

Министерката за финансии, Карин Келер-Сатер пред референдумот уверуваше дека исплатата на 13-та пензија нема да биде можна без дополнителни средства.

„Доколку оваа иницијатива биде прифатена, тешко дека ќе можеме да избегнеме зголемување на даноците“, изјави Келер-Сатер за весникот „Ноје цирхер цајтунг“ минатиот декември.

Како што јави Еуроњуз, сега не е јасно какви политички последици ќе има погрешната проценка на пензискиот дефицит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот