Малиот Илче беше оставен сам, без храна и без соодветна терапија / Август, 2020 / Фото: Слободен печат.

Илче немал коронавирус

Резултатот од тестот за присуство на коронавирусот кој посмртно беше направен врз единаесетгодишниот Илче е негативен потврди за „Слободен печат“ директорот на Институтот за судска медицина доктор, Александар Станков.

Илче од засега непознати причини почина во мал групен дом во Демир Капија, а последните симптоми што ги имал се покачена температура и покачени леукоцити кои сугерираат постоење инфекција.

Детето со ретка болест со години беше игнорирано од социјалните одделенија и заврши напуштено од двајцата родители во куќа во Оxрид, по што реагираше севкупната јавност.

На Детската клиника во Скопје неговата состојба се подобри и тој беше префрлен во демиркапиското село Корешница во мал групен дом каде почина ненадејно пред два дена.

Целосните резултати од обдукцијата како xистопатолошките наоди и токсиколошките наоди ќе бидат познати за две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!