Икс апликација ново лого на Твитер / Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Икс дозволи објавување на порнографски содржини

На платформата Икс официјално ќе може да се објавува порнографска содржина. Прикажувањето на порнографски и насилни содржини ќе биде блокирано за корисниците под 18 години и оние корисници кои ќе одлучат дека не сакаат да им се прикажуваат такви содржини.

Икс не ги спречуваше луѓето да објавуваат содржини за возрасни на платформата, но сега побара од корисниците кои објавуваат содржини за возрасни, вклучително голотија и секс, да ги приспособат своите медиумски поставки така што нивните слики и видеа да бидат поставени зад предупредување за содржина пред да можат да се видат.

Корисниците на возраст под 18 години или оние кои не го вклучуваат датумот на раѓање на својот профил нема да можат да ја гледаат оваа содржина. Од Икс велат дека ќе откријат што објавуваат корисниците, наведувајќи дека ако корисниците не ги означат соодветно „порно-објавите“, тогаш „ќе ги прилагоди поставките на сметката за корисникот“.

Слични правила се во сила и за насилни содржини, вклучително и за оние што се закануваат, поттикнуваат, величаат или изразуваат желба за насилство или повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот