Фото: МПЦ

Игуменот Георгиј доби „амин“ од Синодот и е избран за нов митрополит Дебарско-Кичевски

Игуменот Георгиј ќе раководи со Дебарско-Кичевската епархија откако на денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против беше избран за наследник на владиката Тимотеј кој беше на чело на оваа епархија.

Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во последните децении.

Игуменот Георгиј е роден на 24 јули 1968 година во Скопје, Георгиј уште од млади години стапил на патот на верата. По завршувањето на основното образование, се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, каде матурирал во 1986 година.

Богословските студии ги продолжил и завршил во Скопје, а веќе на 22-годишна возраст станал професор во своето поранешно училиште.

Научниот пат го однел во Германија, а потоа и во Рим, каде што магистрирал и докторирал на престижниот Понтификален универзитет „Грегоријана“ – еден од најреномираните римски теолошки центри.

Минатата недела беа одржани мирни собири на верниците, во Охрид, Скопје и во Кичево, кои се залагаат за изборот на епископот антаниски Партениј за нов охридски владика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот