Иднината на фудбалот е пред празни трибини

Извршниот генерален секретар на Здружението на европските лиги, Алберто Коломбо, вели дека е неблагодарно да се занимаваат со прогнозите околу датумот кога ќе продолжат првенствата, но и дека иднинатата на фудбалот е пред празни трибини.

Во здружението на европски лиги се сите професионални лиги во Европа, меѓу кои се и најсилните како Премиер лигата, Ла Лига, Серија А, Бундеслкигата.

Нема сомнеж дека фудбалот ќе се игра пред празни трибини, но никој нема одговор за тоа кога ќе почне да се игра. Владите на европските држави поединечно ќе одлучуваат кога ќе ги олабават мерките и ќе дозволат да се продолжи со спортските активности.

Засега сите сме фокусирани да се создадат услови националните лиги да се завршат ова лето. Здравјето на фудбалерите е на првото место, како и на сите останати како што се тренерите, работниците на стадионите, новинарите, лекарите – вели Коломбо.

Најблиску до продолжување на првенството е Бундеслигата каде клубовите добија дозвола од Владата да можат да тренираат доколку се почитуваат нејзините мерки, додека во Италија се очекува карантинот да биде укинат на 3. мај по што ќе може да започнат тренинзите.

Во сите европски лиги има препораки фудбалерите и тренерите да бидат изолирани во тренинг камповите и секојдневно да се вршат тестови за коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!