Фото: Профимедиа/Илустрација

СТРАНСКИ НОВИНАРИ ЖРТВИ ВО СИРИЈА: Напад врз конвој резултираше со 14 нови жртви

Најмалку 14 лица загинаа, меѓу кои и петмина цивили, во нападот на турските сили врз еден конвој во кој имало и странски новинари, во непосредна близина на градот Рас ал Аин, соопшти Сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

Според оваа невладина организација со седиште во Лондон, во нападот биле ранети уште најмалку 10 лица.

Директорот на Центарот, Рами Абдулрахман изјави дека во нападот кај Рас ал Аин бил погоден конвој со луѓе кои се движеле кон градот Камишли за да им дадат поддршка на жителите на Рас ал Аин, кој веќе со денови е цел на турската офанзива врз позициите на Курдите, пренесуваат британските медиуми.

Според известувачот на телевизијата „Франс 2″, во моментот на нападот во конвојот имало и повеќемина странски новинари.

– Бевме во конвојот на курдските цивили кој беше гаѓан од турските сили и нивните сојузници во Рас ал Аин. Нашата екипа е добро, но некои колеги загинаа – напиша на Твитер известувачот на француската телевизија Стефани Перез.

Британските медиуми наведуваат дека засега не е познато кои новинари се загинати.

Објавена е и снимка од местото на нападот, на која се гледаат цивили измешани со припадници на Сириските демократски сили. На неа се гледаат и тела на земјата, запалени возила и згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот