Архива на СП

И покрај војната на зборови, Русија и НАТО го одржуваат тајниот канал за итни случаи

Каналот за итни контакти меѓу Русија и НАТО продолжува да функционира и останува отворен, а воените структури повремено разменуваат писма во врска со конкретни инциденти, изјави рускиот амбасадор во Брисел, Денис Гончар.

– Секако, во моментов нема суштински дијалог со Алијансата. Постои само повремена размена на кратки писма преку воените структури, кои најчесто се однесуваат на конкретни инциденти – изјави Гончар за РИА Новости.

Тој потсети дека Москва претходно одлучила да ја суспендира работата на руската мисија во НАТО од 1 ноември 2021 година, а дека итни контакти му се доверени на амбасадорот.

– Веднаш по моето пристигнување во Брисел, го информиравме меѓународниот секретаријат на НАТО за оваа одлука. НАТО не даде суштински одговор, но ни дадоа телефонски броеви и е-пошта, усно потврдувајќи дека каналот за итни контакти останува отворен доколку се појави потреба – рече Гончар.

Тој додаде дека без НАТО да се откаже од својата „непријателска политика“, враќањето во нормални односи не е можно.

– Актуелната ситуација со ескалацијата на тензиите на „источниот фронт“, испраќањето оружје до украинската влада, разгледувањето на можноста за испраќање трупи на НАТО во Украина и обезбедувањето безбедносни гаранции исклучиво за Киев, дополнително потврдува дека во Брисел продолжуваат целосно да ги игнорираат легитимните интереси на Руската Федерација – нагласи рускиот дипломат.

Во октомври 2021 година, како одговор на протерувањето на руските дипломати од НАТО, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе преземе одмазднички мерки.

Покрај суспензијата на воената мисија на НАТО во Москва, престана и работата на информативното биро на НАТО, а руската мисија во НАТО ги суспендираше своите активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот