АП имаше можност само да го фотографира Трамп со рагбистите/Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

И покрај судската одлука, Асошиетед прес и понатаму има забранет пристап во Белата куќа

Минатата недела, федерален судија ѝ нареди на Белата куќа да престане да ги блокира новинарите на Асошиетед прес од претседателските настани поради одлуката на новинската агенција да продолжи да го користи терминот „Мексикански залив“.

Судијата Тревор Н. Мекфејден донесе одлука за укинување на забраната, која беше во сила од 11 февруари, тврдејќи дека исклучувањето на новинарите на агенцијата ги крши нивните уставни права.

Но, во понеделникот како ништо да не се променило. АП не беше вклучена во малата група на новинари што го покриваа претседателот, како што беше пред забраната. И кога новинарите на АП се обидоа да го проследат состанокот на Трамп со претседателот на Ел Салвадор во Овалната соба, тие беа одбиени.

„На нашите новинари денеска им беше забранет пристапот во Овалната соба“, рече портпаролката на АП, Лорен Истон. Очекуваме Белата куќа да го врати учеството на АП во групата почнувајќи од денес, како што се бара со наредбата за ограничување“.

Додека фотографите на АП можеа да проследат претседателски настан со фудбалскиот тим на Државниот универзитет во Охајо, немаше присутни новинари.

Адвокатите на Белата куќа ја обжалија одлуката до американскиот Апелационен суд за округот Колумбија.

Во четврток попладне, Белата куќа ќе има можност да расправа пред комисија од тројца судии зошто забраната за АП треба да продолжи, наспроти одлуката на федералниот судија за нивно враќање во Белата куќа.

Адвокатите на реномираната американска новинска агенција АП испратија писмо во кое не се согласуваат со правниот маневар на Белата куќа и тврдеа дека наредбата од Федералниот суд не треба да биде суспендирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!