Изет Меџити Фото: Меџити Фејсбук

И Меџити е против предвремени парламентарни избори: Работиме на реализација на владината програма

И првиот вицепремиер Изет Меџити како премиерот Христијан Мицкоски смета дека нема потреба од предвремни избори.

Меџити вели дека ДУИ нема морално право да критикува и особено да зборува за евроинтеграцискиот процес, зашто кога беше на власт имаше шанса, но не направи ништо во тој правец.

-Имаме пред нас скоро три години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните. ДУИ имаше шанси последните осум години кога раководеше и со МНР, но ни милиметар не ги раздвижи работите во правец на европска интеграција. Затоа нема морално право да критикува или да зборува на оваа тема, а Владата останува посветена и еден од највисоките приоритети е токму европската интеграција- рече Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот