Фото Слободен печат

И Клиника Жан Митрев мета на Марјан Доказ: Објавуваше документи од предистражна постапка, ЈО носеше одлуки по негова препорака

По приведувањето на Марјан Стаменковски од порталот ДоказМ, од Клиниката Жан Митрев соопштија дека и тие во изминатите седум месеци биле негова мета.

– Во неколку наврати на порталот ДоказМ се објавуваа текстови базирани на информации во предистражната постапка во кои беше најавувано какви мерки ќе бидат преземени против Клиниката Жан Митрев. За овие индиции за поврзаност да бидат уште поочигледни, се случи токму тоа што го бараше ДоказМ во текстот на порталот со датум 15.11.2022, односно да се блокира сметката на Клиника Жан Митрев и да се забрани продажба на удели! Три дена после објавата на овој текст на датум 18.11.2022 јавното обвинителство донесува идентична одлука како бараната од Доказ М со која ја усвојува мерката и ја блокира сметката на Клиника Жан Митрев!, соопштија од Клиниката и ја испратија и одлуката за која тврдат дека е донесена врз база на пишувањата на порталот кој од вчера е предмет на истрага.

Од таму потсетуваат дека сметката на Клиника Жан Митрев цели три недели била блокирана и со тоа се влијаелое на редовното работење на болницата.

-Одлуката беше обжалена, забраната тргната. Иако клиниката сега не е блокирана, можноста за повторно блокирање се уште постои поради тоа што судот ја врати одлуката на повторно разгледување, нагласуваат од Клиниката.

Од таму јавно прашуваат за позадината на пишувањата на ДоказМ поврзани со Клиниката и дали државните институции носеле одлуки врз база на пишувањата на овој портал и на финансиска штета на Клиниката.

За овие напади Клиниката ќе ги извести и Хелсиншкиот комитет, Комисијата за заштита од дискриминација, како и Советот за етика во медиумите.

Марјан Стаменковски, сопственик на веб порталот Доказ, се товари за четири кривични дела, меѓу кои и уцена.

-Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од  КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ, соопшти утрово ОЈО.

Според ова соопштение, осомничениот контактирал и со истражителка од ОЈО Скопје која му испраќала податоци и фотографии од кривични постапки.

-Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. Истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е ангажирана во Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи, соопшти ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!