
И Камбоџа ќе го номинира Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир
По Израел и Пакистан, Камбоџа е третата држава која ќе го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, изјави денеска камбоџискиот вицепремиер Шантол, кратко по американската директна интервенција во запирањето на неодамнешниот граничен конфликт на оваа земја од Југоисточна Азија со Тајланд, пишува Ројтерс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На прашањето преку СМС-порака од Ројтерс да го потврди планот на Камбоџа да го номинира Трамп за наградата, Шантол одговори „да“.
Зборувајќи со новинарите претходно во главниот град Пном Пен, Шантол му се заблагодари на Трамп за донесувањето мир и рече дека заслужува да биде номиниран за наградата, највисокопрофилна меѓународна награда што се доделува на поединец или организација за која се смета дека направила најмногу за „унапредување на заедништвото меѓу народите“.
Пакистан во јуни изјави дека ќе го препорача Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето во решавањето на конфликтот со Индија, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец изјави дека го номинирал Трамп за наградата.
Тоа беше повик на Трамп од минатата недела што го прекина застојот во напорите за ставање крај на најтешките борби меѓу Тајланд и Камбоџа во повеќе од една деценија, што доведе до прекин на огнот договорен во Малезија во понеделникот, објави Ројтерс .
По објавувањето на примирјето, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во објава на X изјави дека Трамп го овозможил тоа.
„Дајте му ја Нобеловата награда за мир!“, рече таа.