
И Камбоџа ќе го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир
Камбоџа ќе го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, изјави денес потпретседателот на Камбоџа, откако неговата директна интервенција доведе до крај на неодамнешниот граничен спор на оваа земја од Југоисточна Азија со Тајланд.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На прашањето преку СМС-порака дали го потврдува планот на Камбоџа да го номинира Трамп за наградата, Шандол одговори „да“.
Зборувајќи со новинарите претходно во главниот град Пном Пен, Чандол му се заблагодари на Трамп за донесувањето мир и рече дека заслужува да биде номиниран за наградата, највисоката престижна меѓународна награда што се доделува на лице или организација за која се смета дека направила најмногу за „промовирање на пријателството меѓу народите“.
Пакистан во јуни соопшти дека ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во решавањето на конфликтот со Индија, а премиерот Бенјамин Нетанјаху минатиот месец изјави дека го номинирал Трамп за наградата.
Телефонски повик од Трамп минатата недела го прекина застојот во напорите за ставање крај на најжестоките борби меѓу Тајланд и Камбоџа во повеќе од една деценија, што доведе до прекин на огнот договорен во Малезија во понеделник, 28 јули, објави Ројтерс.
Откако беше објавено примирјето, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, напиша во објава на платформата Икс дека Трамп е тој што го овозможил тоа.
„Дајте му ја Нобеловата награда за мир“, рече таа.
Најмалку 43 лица беа убиени во жестоките борби — кои траеја пет дена и раселија најмалку 300.000 луѓе од двете страни на границата.
„Ги признаваме неговите големи напори за мир“, рече Чандол, кој е и шеф на камбоџанскиот преговарачки тим за трговија, додавајќи дека неговата земја е благодарна и за намалената царинска стапка од 19%.
Вашингтон првично се закани со царини од 49%, а подоцна ги намали на 36%, ниво што би го десеткувало клучниот сектор за облека и обувки во Камбоџа, рече Чандол во интервју за Ројтерс претходно денес.