
И Израел има нуклеарно оружје, но малку се споменува
Иако Израел никогаш не ја признал својата нуклеарна програма, експертите велат дека тоа е најлошо чуваната тајна на Блискиот Исток.
Препорачано
„Израел е единствен меѓу државите со нуклеарно оружје по тоа што ниту ги потврдува ниту ги негира своите нуклеарни капацитети“, наведува Меѓународниот институт за стратешки студии.
Израел е една од деветте земји за кои се знае дека имаат нуклеарно оружје, вклучувајќи ги САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан и Северна Кореја, наведува Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Израел не е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје од 1970 година и се спротивставува на дипломатските напори за воспоставување зона без оружје за масовно уништување на Блискиот Исток.
Тој го потпиша и ратификуваше Договорот за ограничување на нуклеарните тестови од 1963 година, кој ги обврзува потписниците да не спроведуваат нуклеарни тестови во атмосферата или океаните.
Колку долго Израел поседува нуклеарно оружје?
Израел започнал да истражува развој на нуклеарно оружје пред своето основање во 1948 година, а потоа на тајна локација за развој во 1958 година, во близина на јужниот град Димон.
Се смета дека Израел го составил своето прво нуклеарно оружје околу 1966 или 1967 година. Во 1968 година, ЦИА објави дека Израел успешно започнал со производство на нуклеарно оружје.
Се верува дека Израел извршил таен атмосферски нуклеарен тест во 1979 година, што е негирано од властите во Тел Авив.

Колкав нуклеарен арсенал располага Израел?
Израел сво моментов има околу 90 нуклеарни боеви глави и се верува дека има доволно нуклеарен материјал за да произведе до 300 нуклеарни проектили , се наведува во Иницијативата за нуклеарна закана со седиште во Вашингтон.
Продолжува да го модернизира својот арсенал, и според SIPRI, Израел во 2024 година извршил тест на систем за ракетен погон кој би можел да биде поврзан со балистичките ракети „Ерихон“ со нуклеарна моќ.
Израел, исто така, се чини дека го надградува својот погон за производство на плутониум во Димона, соопшти СИПРИ.