epa08359861 Christ the Redeemer statue is illuminated with the projection of a health worker's uniform during a religious ceremony to celebrate Easter Sunday, on Mount Corcovado, Rio de Janeiro, Brazil, 12 April 2020. EPA-EFE/Antonio Lacerda

И Исус за Велигден облече бел мантил: Рио им оддаде почит на сите лекари кои се борат против коронавирусот (ВИДЕО)

На белиот мантил на повеќе јазици беше испишано „Благодарам“.

Славната статуа на Исус Христос, симболот на Рио Де Женеиро, католичкиот Велигден го дочека „облечен“ во бел мантил и  така им се заблагодари на сите медицински лица во светот.

Рио де Женеиро, Бразил / 12 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Статуата Христос Спасителот со 3D мапирање е облечена во лекарска унифрома во знак на благодарност и поддршка на сите медицински работници кои се на првата борбена линија во војната против коронавирусот.

На белиот мантил на повеќе јазици беше испишано „Благодарам“.

Рио де Женеиро, Бразил / 12 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda
Во текот на велигденската миса, на Исус на ридот над бразилската метропола се проектирани и слики на медицински работници со заштитни маски но и знамиња на земјите кои се посебно погодени од пандемијата на коронавирусот.

Во Бразил досега регистрираше 22.318 заболени со короанвирус, а битката ја изгубија над 1.200 лица.

Минатиот месец на 18 март, Искупителот во Рио де Жаниеро беше осветлен со знамиња и пораки за надеж во солидарност за државите кои се борат со пандемијата со новиот коронавирус Ковид-19.

И Македонското знаме се најде на статуата, а истиот ден се прогласи и вонредна состојба во државата.

На статуата беа проектирани над 150 знамиња на држави низ светот кои во тој момент се бореа со коронавирусот / 18 март 2020 – Рио де Женеиро, Бразил / ФОТО: EPA-EFE/Antonio Lacerda

И македонското знаме ја осветли статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Женеиро (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот