
И четвртата сопруга го напушти: Поранешниот сопруг на Памела Андерсон, контроверзниот музичар Томи Ли повторно е сам
Томи Ли и Британи Фурлан наводно го завршиле својот шестгодишен брак, а шпекулациите за нивна разделба беа поттикнати од постапките на Ли на социјалните мрежи.
Препорачано
Инсајдери блиски до двојката открија дека Томи Ли и Британи Фурлан живеат одвоено веќе две недели, а борбата на Томи со алкохолизмот е главната причина за разделбата, објави „ТМЗ“. Наводно, музичарот одбивал да побара помош, што резултирало со чести расправии.
И покрај физичката разделба, двојката наводно одржува комуникација. Не е познато дали размислуваат за формален развод, велат изворите. Шпекулациите за нивното раскинување се засилиле откако Ли престанал да ја следи Британи на Инстаграм. Тој неодамна објави видео на својата Инстаграм приказна со пораката:
„Жал ми е, чувствата што се обидуваш да ги допреш се исклучени и повеќе не се достапни. Те молам, однеси ги твоите ср**** некаде на друго место.“
Двојката се венчаше на Денот на вљубените во 2019 година, точно една година откако се верија. Нивната врска започна во 2017 година и немаат заеднички деца. Ли претходно беше во брак со Елејн Старчак, Хедер Локлир и Памела Андерсон. Неговиот брак со Памела, кој траеше од 1995 до 1998 година, беше постојано во центарот на вниманието. Од оваа врска тие ги имаат двата сина, Брендон Томас и Дилан Џегер.
View this post on Instagram
Тапанарот пред пет години откри дека пиел дури седум литри вотка дневно. Тој бил во толку ужасна состојба што неговата сопруга, Британи Фурлан, се плашела дека ќе умре.
„Не ни забележав колку всушност пијам сè додека не го допрев дното, бев целосно луд. Пиев од чиста досада. Ќе се разбудев и ќе почнев да сипувам вотка во чаша со само капка сок во неа. Пиев вотка од кригла за пиво“, рече Томи Ли.
Контроверзниот тапанар призна дека неговата сопруга најмногу се плашела за неговото здравје.
„Таа рече дека никогаш не видела некој да пие толку многу и дека била исплашена. Тоа, секако, ми помогна да се разбудам и да одам на рехабилитација“, тврди Ли.