
И Британија навести дека ќе го апси Нетанјаху ако стапне на нејзина територија
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со апсење доколку отпатува во Велика Британија, откако по него беше издадена меѓународна потерница, произлегува од одговорот на Владата во Лондон околу ова прашање.
Препорачано
Во четвртокот Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Нетанјаху, заедно со поранешниот министер за одбрана на Израел, Јоав Галант, поради сомнение за сторени воени злосторства во Газа. Италија веќе соопшти дека ќе го изврши налогот за апсење на двајцата политичари, доколку тие дојдат во земјата.
Според АА, портпаролот на британската влада избегна директно да одговори на прашањето дали израелскиот премиер ќе биде уапсен доколку стапне на нејзина територија, но рече дека владата ќе ги исполни своите „обврски од актот“. Земјите-членки на судот, вклучително и Обединетото Кралство, потпишаа договор кој ги обврзува да постапуваат по налозите за апсење.
Портпаролот на премиерот потврди дека владата останува доследна на процесот наведен во актот и дека „секогаш ќе ги почитува своите законски обврски како што е утврдено со домашното право и со меѓународното право“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5