Хрватски пилот на хелокоптер и неговата партнерка од Косово се сомничат дека шпионирале за Србија

Хрватскиот пилот обвинет за шпионажа: „Не сум виновен, некој сака да ме намести“

Хрватскиот воен пилот Ј. И., кого обвинителството го сомничи за шпионажа заедно со неговата партнерка А.М., српска државјанка која живее и работи на Косово, по избивањето на аферата изјави дека не е виновен и дека некој сака да го намести. Тој додаде и дека неговата партнерка е колатерална жртва во овој случај, дознава Индекс.

Според информациите на медиумот, оние што го познаваат тврдат дека е одговорен професионалец, а обвинувањата што ги покрена обвинителството против него се крајно изненадувачки. Во меѓувреме, Министерството за одбрана доби информации дека ја поминал безбедносната проверка.

И покрај ова, обвинителството заклучи дека има доволно докази за да отвори истрага против двајцата за долгогодишно откривање тајни информации и да побара притвор.

Луѓе блиски до неговата партнерка исто така беа изненадени, а неколку извори за медиумот кажале дека таа многу често доаѓала во Хрватска и престојувала на Вис.

„Таа не го поддржувала Вучиќ, па затоа е изненадувачки што е обвинета за пренесување информации на политичка партија блиска до него. Покрај тоа, таа партија (Српска листа, партијата на Србите на Косово,) не постои веќе неколку години“, коментираат тие за Индекс.

Сомнежите се дека  од 2022 до 2025 година, воениот пилот и давал на својота партнерка доверливи информации за движењето на Србите во северно Косово, трупите на КФОР и ситуацијата во Зубин Поток, место каде што често се случуваат конфликти меѓу Србите и Косоварите. Овие информации му биле достапни уште од времето кога бил во мисијата КФОР. Според информациите од истрагата, А. М. работела и на истата област во тоа време, соработувајќи со новинари, како и со странска влада.

И двајцата се обвинети и за размена на информации за транспортот на уапсениот поранешен косовски полицаец Дејан Пантиќ, чие апсење во декември 2022 година предизвика протести и барикади. Во тоа време, КФОР ги транспортирал Пантиќ и другите притвореници со хеликоптер поради блокади на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот