Гордан Грлиќ-Радман / Фото: Архива на Слободен печат

Хрватскиот министер Радман: Србија да не применува методи од Студената војна ако сака да го забрза патот кон ЕУ

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска во Сараево изјави дека Србија не треба да избегнува соработка и да прибегнува кон методи на Студената војна во меѓудржавните односи доколку сака да го забрза патот кон Европска Унија и да изгради регионална стабилност.

Тој изрази жалење што Србија го протера првиот секретар на Амбасадата на Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер, особено што во одлуката не се наведени причини за тоа.

Грлиќ Радман посочи дека таквите одлуки „не градат добрососедски односи“ и дека „испраќаат лоша порака и кога се во прашање вредностите и критериумите што треба да се применат на патот кон членството во ЕУ“.

„Срамота е што Србија го избра тој пат, особено кога сака да стане членка на ЕУ. Треба да работиме на пријателските односи помеѓу земјите од Западен Балкан и да ја промовираме регионалната стабилност. Ова повеќе потсетува на реториката од Студената војна“, додаде Грлиќ Радман.

Тој посочи дека Хрватска „долго време го чека одговорот на Србија“ на поканата за средби на кои ќе се решаваат конкретни прашања од доменот на билатералните односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!