Земјотрес / Фото: Илустрација

Хрватска: Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер кај Глина

Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека утрово во 05:37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Глина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека јачината на земјотресот била 4,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на седум километри од Глина.

Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а потресот бил почувствуван и во Загреб.

– Звучеше како удар, а потоа почна да се ниша. Повторно, тоа глупаво чувство и звуците на крцкање на прозорците и вратите во станот, напиша читател на порталот 24сата.хр.

Кликс.ба пренесува дека земјотресот бил почувствуван и во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот