Премиерите на Индија и Хрватска EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватска и Индија ќе соработуваат во одбранбената индустрија

Хрватска и Индија се договорија за соработка во економската и одбранбената индустрија. Ова е епилогот од средбата меѓу премиерите Андреј Пленковиќ и Нарендра Моди во Загреб.

„Сегашната трговија меѓу двете земји е околу 250 милиони долари, што во моментов е основа за поголема трговија. Веруваме дека иницијативата на Моди за воспоставување економски коридор меѓу Индија, Блискиот Исток и Европа е одлична можност за поврзување на Хрватска, како медитеранска порта кон Централна Европа, со Индија и нејзината економија и пазар“, рече Пленковиќ.

Тој рече дека Хрватска претседава со Иницијативата „Три мориња“, која ги поврзува Балтичкото, Црното и Јадранското Море, и дека овој коридор на тој начин би можел да добие „многу поширока централноевропска димензија“.

Како што кажа индискиот премиер, „Хрватска и Индија ќе утврдат план што ќе се фокусира не само на обука и размена, кога станува збор за војници, туку и на целата одбранбена индустрија“.

И двајцата апелираа за деескалација на Блискиот Исток, како и за мирни решенија за конфликтите и споровите во другите делови од светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот