Исчезнатата Ванеса Галовиќ / Фото: 24sata.hr / Pixsell

Хрватска е на нозе, тинејџерка исчезна кај Бјеловар

Хрватската полиција, но и бројни доброволци, вечерва во близина на градот Бјеловар трагаат по исчезната девојка, јавуваат локалните медиуми.

Ванеса Галовиќ (17) исчезнала денес во месноста Тројствени Марковац кај Бјеловар. Таа е висока 165 см, носи број на чевли 40, со кафеава права коса и мали кафени очи и тркалезно лице. Има средна градба и носи очила. Во моментот на исчезнувањето, Ванеса носела црна тренерка (комплет) и црни и виолетови патики.

Под околностите на исчезнувањето, полицијата напиша дека девојчето се оддалечило од семејниот дом.

„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме веднаш известете ја најблиската полициска станица или јавете се на бројот 192. Информациите можете да ги испратите и преку е-маил адресата: [email protected]“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот