Хрватско знаме и знаме на ЕУ EPA/ANTONIO BAT

Хрватска доби нови 835 милиони евра од европскиот Механизам за отпорност

Европската комисија ја исплати шестата транша од Механизмот за закрепнување и отпорност на Хрватска, во износ од 835,6 милиони евра, пренесе „Пословни дневник“.

„Реформите и инвестициите поврзани со оваа исплата ќе доведат до позитивни промени за хрватските граѓани и бизниси, особено во областите на здравството, борбата против корупцијата, истражувањето на геотермална енергија и развојот на водород, управувањето со водните ресурси, отпорноста на природни катастрофи, електричните мрежи на островите и енергетската безбедност“, се вели во соопштението на Комисијата.

Оваа исплата опфаќа 26 клучни пресвртници и цели, кои Комисијата ги оцени како исполнети.

Вкупните средства исплатени на Хрватска во рамките на Механизмот за закрепнување и отпорност сега изнесуваат 5,3 милијарди евра, што е околу 53 проценти од вкупните доделени средства, вклучувајќи ги и првичните средства доделени по усвојувањето на планот. Хрватскиот план за закрепнување и отпорност е финансиран од грантови и заеми во вкупен износ од 10 милијарди евра.

Хрватска испрати барање за исплата на шестата транша на 20 декември минатата година, но потоа побара одложување од осум недели бидејќи не е усвоена законската рамка што треба да ја редефинира и подобри работата на државните компании, пренесува Пословни дневник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот