Задар, Хрватска / Фото: Pixabay / InstagramFOTOGRAFIN

Хрватите се издигнуваат културно, ама плаќаат најскапи билети за концерти, кино и театар

Хрватска, заедно со Естонија и Словачка, продолжува да води мртва трка за тронот во однос на растот на годишната стапка на инфлација во Европа. Но, во еден од нејзините сегменти, Хрватите сè уште се пред сите, вклучително и Словаците и Естонците, бидејќи цените на билетите за кино, театар и концерти низ цела Европа во последната година се најмногу поскапени.

Хрватска е и европски вицешампион во однос на стапката на инфлација со месеци, а најновите податоци од Евростат покажуваат дека тоа сè уште е случај. Според првата проценка, Хрватска беше исто така меѓу земјите со највисока инфлација во септември. Истата стапка ја забележа Словачка, додека повисока инфлација беше регистрирана само во Естонија – 5,2 проценти. Во целата еврозона, просечната годишна стапка на инфлација во септември изнесуваше 2,2 проценти.

Што се однесува до цените на билетите за културните настани, тие во периодот помеѓу минатата година и август годинава, се зголемиле за дури 12 проценти, додека Романија и Бугарија се исто така меѓу рекордерите со зголемување од 10 проценти. Најмали промени се забележани во Ирска и Португалија, каде што цените не се зголемија, а во Грција имало дури и намалување од еден процент. Во Естонија, зголемувањето изнесувало девет проценти, а во Словачка седум проценти. Македонците пак во овој период плаќале билети за разни културни настани со повиосоки цени од 4 отсто, што е три пати поевтино за разлика од Хрватска. Треба да се додаде дека стапката на ДДВ за билети за концертни настани и културни претстави е намалена на пет проценти од 2022 година, анализира Н1 Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот