Суво грозје/Фото: Pixabay

Хрватите открија опасна супстанција во суво грозје од Иран

Во прехранбен производ со потекло од Иран е откриена штетна хемикалија опасна по здравјето. Како што е наведено во европскиот систем за безбедност на храната во петокот, забранетиот пестицид хлорпирифос етил е откриен во суво грозје од Иран што преку Турција било доставено во Хрватска.

За среќа, земен е примерок од спорното суво грозје и се анализира на граница, при што е утврдено ниво од 0,018 мг/kг хлорпирифос етил, а не е дозволена ниту најмала вредност. Сувото грозје веднаш му било вратено на испраќачот во Турција од граница, јавува Даница.хр.

Пред неколку недели во свеж ѓумбир од Кина беа пронајдени и остатоци од забранет и исклучително штетен пестицид. Овој ѓумбир е откриен на словенечкиот пазар, а добавувач е компанија од Хрватска. Патем, хлорпирифос етил е инсектицид што се користи во борбата против штетниците на растенијата, но е многу опасен за здравјето на луѓето.

„Многу научни студии го поврзуваат со нарушувања во развојот на мозокот, хиперактивност, ретардација на растот, намален коефициент на интелигенција“, се наведува во одлуката на Европската комисија за забрана на неговата употреба, која стапи на сила во 2020 година. Спорниот пестицид лани бил откриен и кај неретванските мандарини. Се шпекулира дека некои фармери го купуваат во БиХ или Србија, каде што не бил забранет, и го „шверцуваат“ во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!