Христијан Пендиков, новата бугарска ѕвезда

Со интонирање на бугарската химна, на свечена церемонија во салата во која вообичаено претседател врачува ордени и пречекува странски делегации, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска му го врачи бугарското државјанство на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид. Колкаво значење власта во Софија му даде на овој настан покажува и фактот дека на церемонијата беа присутни министрите за надворешни работи и за правосудство, а бугарските медиуми настанот го пренесуваа во живо.

Јотова во обраќањето рече дека врачувањето ѝ претставува огромна чест и му порача на Пендиков дека од денес ќе ја има заштитата од бугарската држава и станува граѓанин на Бугарија и Европската Унија. Но, го потсети дека освен права, има и обврски ка бугарски граѓанин.

Пендиков го нарече храбар човек кој и покрај насилството и провокациите „останал верен на своето бугарско име, бугарско потекло, бугарска самосвест и бугарски идентитет“.

– Сите ние треба да го чуваме државното достоинство на Бугарија. Тоа е нашата клетва од татковината. Секој граѓанин на Европа има право на својот идентитет – да зборува за него и да го заштитува, рече Јотова.

Таа ѝ порача на Македонија дека очекуваат да ги признае правата на Бугарите во свопствената држава и да ги вклучи во Уставот.

На церемонијата се обрати и Пендиков, кој на бугарски јазик имс е заблагодари на властите, но и на полицијата која го штити, бидејќи, како што рече, уште добивал закани. На присутнит еим кажа и дека во Македонија имало ушгте многу македонски Бугари кои се борат за нивната кауза.

Пендиков е родум од Охрид. За јавноста не беше познат додека не беше претепан пред 4 месеци. Тогаш кажа дека бил претепан зашто се декларирал како Бугарин. Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“.

Пендиков беше префрлен со бугарски валдина авион во Софија каде што беше лекуван, доби стан и полициска заштита.

Против него, се води и предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот