Фото: Рexels-mdmmikle

Хорор во Индија: Бебе се бори за живот откако е пронајдено закопано живо

Девојче старо 20 дена, пронајдено живо закопано во индиската држава Утар Прадеш, сега е во многу сериозна состојба во болница, објави Би-би-си.

Бебето било пронајдено случајно од овчар кој ги изнел своите кози на пасење. Тој рекол дека слушнал слаби крици под куп земја и, кога се приближил, видел мала рака како штрчи од калта.

Откако ги известиле селаните, била повикана полиција, која брзо пристигнала на местото на настанот и го извлекла бебето од земјата.

Бебето е на лекување во одделот за интензивна нега за новороденчиња. Имало тешкотии со дишењето бидејќи калта му влегла во ноздрите. Лекарите исто така рекле дека го каснале инсекти или животни.

Иако бебето првично покажало одредено подобрување, неговата состојба се влошила бидејќи развило инфекција.

„Правиме сè што можеме за да ја спасиме“, велат лекарите.

Полицијата не го именуваше осомничениот за злосторството, но слични случаи на напуштање и обиди за убивање женски деца се припишуваат на претпочитањето на Индија за синови, што е широко признато како причина за искривениот сооднос меѓу половите.

Инцидентот не е прв во Индија во кој девојче е оставено да умре. Во 2019 година, предвреме родено новороденче беше пронајдено живо закопано во глинен сад. Таа беше хоспитализирана со недели и на крајот се опорави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот