
Хорор во Австрија: Мајка си ги удави двете ќерки во сопствениот базен, имала постпорoдилна депресија
Светот е во шок по трагичнниот настан кој се случил минатата недела кога мајка си ги уби двете ќерки во Абсдорф, Австрија. Мајката која имала 36 години работела како медицинска сестра и логопед. Откако полицијата го откри овој монструозен случај мајката веднаш била приведена, а криминалистите биле шокирани од монструозните изјави која таа ги дала на сослушувањето, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“. Две девојчиња биле на возраст од 7 месеци и 7 години, а мајката -монструм ги удавила во базенот во дворот на семејната куќа.
Препорачано
Додека ги опишуваше убиствата, мајката се однесува како да е мртва, а нејзините очи зјапаат во вселената, изјавиле извори од истрагата за „Кронен цајтунг“.
Откако ги удавила, според нејзините зборови, почувствувала спасение, а објаснила и дека „давењето се случило доста брзо“.
Децата беа смислата на мојот живот,наводно повторувала одново и одново во ќелијата на одделот за судска психијатрија, изјавила мајката пред инспекторите.
Страшното злосторство кое го извршила полудената и наводно ментално болна мајка, било снимено со видео камерата поставена во семејната куќа.
Откако ги убила, 36-годишната жена ги извадила децата од базенот, ги завиткала во крпи и ги однела во креветчињата. Потоа преку WhatsApp му испратила порака на својот сопруг: „За жал, не успеав“. Кога сопругот се обидел да ја добие на мобилниот телефон, таа веќе влегла во автомобилот и се забила во дрво, со намера да си го одземе животот.
Мајката наводно боледувала од постпородилна депресија и била на психијатриско лекување.
Австриските медиуми јавуваат дека мајката освен психички проблеми имала и сериозни финансиски проблеми со враќањето на кредитот за изградбата на куќа со базен и уредувањето на приватна амбуланта за логопед во рамките на куќата.