
Холивудскиот продуцент Џејмс Камингс со шокантна исповед: Диди сексуално ме нападна во сауна, голи се тепавме!
Холивудски филмски продуцент изнесе шокантни тврдења дека раперот Шон Диди Комбс се обидел сексуално да го нападне во теретана, што довело до насилна, гола тепачка.
Препорачано
Актерот и филмски продуцент Џејмс Камингс (57) изјавил дека инцидентот се случил во 2002 година, кога тој и музичкиот могул Диди (55) биле сами во сауната на теретаната „ЛА фитнес“ во Лос Анџелес. На крајот, вели тој, се одбранил од агресивните сексуални напади на раперот, но вознемирувачката средба го оставила потресен и понижен, раскажал тој во ексклузивно интервју за „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
Шокантната приказна доаѓа среде судењето на Диди во Њујорк поради трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и рекетирање, кое сега влезе во шестата недела. Комбс ги негираше сите обвинувања.
Камингс, пријател на актерите Марк и Дони Волберг, кои глумеа во неговиот криминален трилер од 1999 година „Southie“, рекол дека го познавал менторот на Диди, покојниот музички продуцент Андре Харел, и дека претходно му бил претставен под неговото вистинско име Шон.
Сеќавајќи се на инцидентот во теретаната, тој опишал како сè се случило многу брзо штом влегол во просторијата.
– Влегов во сауната и тој ме погледна. Го погледнав и јас него, но не размислував за ништо, бидејќи веќе го видов неколкупати. Одеднаш, тој стана и се истегна како да го допира таванот. Се наведна кон мене и следното нешто што го знам е дека неговите прсти беа на мојата нога – рекол Камингс.
– Има дебели, чудни прсти како гумени бонбони, долги палци и бели нокти. Го зграпчив и реков „еј човеку, престани со ова!“. Одеднаш се нафрли врз мене и се обиде да ме собори. Беше чудно – објаснил тој, а потоа работите во сауната станале уште почудни.
– Тој беше врз мене и се обидуваше орално да ме задоволи иако се борев со него, се обидов да го тргнам од мене. Го удирав во лицето и го фрлав од мене и викав: „Што не е во ред со тебе?!“
– Но Диди не запре тука. Тој повторно тргна кон мене и го фатив за вратот и го удрив неколкупати. Го извлеков од сауната и истрчав кон рецепцијата врескајќи: „тој човек сексуално ме нападна“. Сите ме следеа до сауната, а таму, како Пепелашка, сè што останало беа неговите патики.“
Камингс рекол дека персоналот му кажал дека Диди не е член на теретана, туку дека плаќа редовно во готово за да престојува во парната соба.
– Ми рекоа дека не тренира, дека плаќа во готово и доаѓа и си оди кога ќе посака – рекол холивудскиот продуцент.
View this post on Instagram
Камингс рекол дека Диди повторно го видел дури 14 години подоцна, во ресторанот „Боа стекхаус“ во Лос Анџелес.
– Гледам некој како доаѓа кон мене. Носи смокинг. Тоа е П. Диди – рекол тој.
– Се погледнавме директно в очи и штом ме препозна, одеднаш сврте лево и се проби низ ресторанот за да ме избегне. Знаеше кој сум.
Иако Камингс вели дека е горд што се одбранил од наводниот напаѓач, нападот го оставил „понижен“.
– Кога денес ги гледам сите лоши работи што им ги направил на другите луѓе – се обиде да ми го направи и мене, но го претепав – рекол тој, пишува „Дејли мејл“.
Нови шокантни детали на судењето на Диди, еден сведок го обвини и Харви Вајнштајн