Картум, Судан/Фото: Jack Maguire / Alamy / Profimedia

Холандски и турски операции за евакуација од Судан, Франција и САД ги повлекоа своите државјани

Холандија учествува во меѓународните напори за отстранување на странски државјани од Судан, изјави денеска холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра.

„Во тек е операција во повеќе земји за извлекување на граѓаните од Судан. Холандија учествува со тим од Јордан. Тие ќе направат се што можат за да ги извлечат Холанѓаните од таму што е можно побрзо и побезбедно“, напиша министерот на Твитер.

Во меѓувреме, минатата сабота навечер Министерството за надворешни работи на Турција објави дека има намера да ги отстрани граѓаните на земјата од Судан.

„Одлучено е на 23 април да се обезбеди враќање во земјата на нашите граѓани кои се во воените зони по копнен пат и минуваат низ трети земји“, соопшти Министерството, без да даде дополнителни детали. „Во нашите планови се вклучени и граѓани на трети земји кои побараа помош“, додаде тој.

Евакуацијата на турските граѓани од двата окрузи Картум и Вад Мадани, на 200 километри јужно, првично беше закажана за утрово по 06:00 часот по локално време.

Но, евакуацијата на Турците од областа Кафури во северниот дел на Картум е одложена „до натамошно известување“ поради експлозијата утринава во близина на џамија која беше избрана за собирно место, објави турската амбасада во суданската престолнина на Твитер.

Во Судан живеат околу 600 турски државјани.

Евакуирани и американските дипломати и друг персонал

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека Американската амбасада во главниот град на Судан, Картум, привремено ја прекинала работата поради судирите во таа држава.

Блинкен рече дека целиот персонал на Американската амбасада и членовите на нивните семејства се безбедно евакуирани од Картум и најави дека официјален Вашингтон ќе продолжи да им помага на Американците кои останале во Судан.

„Во операцијата учествуваа околу 100 американски војници и три хеликоптери MH-47, а пренесени се околу 70 преостанати вработени во амбасадата на непозната локација во Етиопија“, изјави помошникот државен секретар за африкански прашања Моли Фи.

Таа додаде дека Етиопија, исто така, обезбедила поддршка за прелетување и полнење гориво.

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека добива редовни извештаи од неговиот тим за напорите да им помогне на преостанатите Американци во Судан.

Бајден рече дека Џибути, Етиопија и Саудиска Арабија исто така помогнале во евакуацијата. Тој исто така повика на прекин на „непромисленото“ насилство во таа држава.

Франција ги евакуира своите граѓани од Судан

Франција започна „операција за брза евакуација“ на своите граѓани и дипломатскиот персонал од Судан, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Француското министерство соопшти дека европските граѓани од „сојузничките партнерски земји“ исто така ќе бидат евакуирани како дел од нивната операција, не наведувајќи дополнителни детали.

Според еден дипломатски извор, суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка, против кои се борат, дале „безбедносни гаранции“ за операцијата.

Француското Министерство соопшти дека во Судан живеат околу 250 француски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!