Хјундаи Ионик 5 / Фото: Wikipedia / M 93

„Хјундаи“ оди на суд, компанијата не кажала дека моделот „Ионик 5“ лесно се обива за 20 секунди

Јужнокорејскиот автомобилски гигант „Хјундаи“ се соочува со судска постапка поради обвинувањата дека не ги предупредил своите клиенти дека еден од најпопуларните електрични модели може да биде украден „без напор, за неколку секунди“, пренесе „Гардијан“.

Елиот Инграм, експерт за дигитална безбедност, останал запрепастен кога надзорната камера инсталирана во неговиот дом снимила крадец со качулки како му го краде автомобилот „Ионик 5“ за помалку од 20 секунди.

Се верува дека крадецот користел уред достапен на интернет, кој го имитира електронскиот клуч од автомобилот.

Тоа е последната во серијата кражби на возила, при што многу сопственици сега прибегнуваат кон заклучување на воланот.

Автомобилот на Инграм подоцна бил пронајден од полицијата, но тој го раскинал договорот и побарал отштета од компанијата. Според него, јужнокорејскиот автомобилски гигант требало да ги предупреди клиентите за безбедносните пропусти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот