Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Хигиеничарка во државна институција тешко се повредила на работното место, МВР не открива каде работи

56-годишна жена од скопското село Јурумлери, вработена како хигиеничарка во државна институција во центарот на Скопје, вчера пријавила дека се здобила со тешки повреди додека работела, но МВР не открива која е институцијата во која таа е вработена.

„На 26.08.2025 во 14:10 часот во СВР Скопје, В.П.(56) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. За настанот бил известен трудов инспектор“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот