Панче Тошковски / Фото: Сител

Хибридните напади биле „мултистранични“, вели Тошковски и негира дека имал спротивна верзија за пожарите од Мицкоски

„Не е точно дека не сум се согласил со премиерот за хибридните напади“, изјави вечерва во интервју за „Сител“ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако неколку дена неговите изјави околу причините за серијата пожари во Скопје и околината беа различни од оние на премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија, според него, се соочува со серија големи пожари на депонии, складишта со опасен отпад и голем пожар на автомеханичарска работилница, како резултат на „мултистранични напади“.

„Не сум имал несогласување со премиерот за „хибридните напади“ како што медиумите известуваа“, рече Тошковски.

Запрашан за тоа дали тие напади се од домашни или од странски „центри“, а ако се странски, од каде се – Тошковски одговори дека не би можел да коментира, во интерес на истрагата.

Тоа беше неговиот одговор и на повеќе други прашања, а Тошковски додаде дека сега е воздржан, но и дека „јавноста на крај ке ја дознаела вистината кои се тие центри“. Тој не ја отфрли можноста дека нападите кои ги наведува имале политички мотиви.

Среде Вардариште живеат 200 луѓе, дел од нив постојано потпалуваат, вели Тошковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот