Profimedia
Вода. / Фото: Профимедиа

Хемиски и бактериолошки неисправна водата за пиење во пет села во Виничко

Водата за пиење од локалните водоводи во три села во општина Виница има зголемена физичко-хемиска неисправност што е утврдено со последните испитувања што ги направиле стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани.

Резултатите од земените примероци во вкупно 12 села покажале дека во Трстија, Трсино и Крушево има зголемена потрошувачка на калиум перманганат, поради што неопходна е претходна преработка и дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење.

Микробиолошките тестирања на примероци вода за пиење во селата Калиманци и Липец потврдиле зголемено присуство на бактерии, поради што се препорачува забрана за користење.

– Испитувањата на физичко-хемиските својства на водата во трите населени места покажаа отстапување на параметрите од законските и стручни прописи, поради што е неопходно таложење, флокулација, коагулација и филтрирање. Кај локална чешма во двор на приватно лице во Липец и во бунар за вода во Калиманци е констатирано зголемено присуство на бактерија псеудомонас аеругиноза, поради што водата не треба да се користи за пиење, за лична хигиена и за миење овошје и зеленчук. Потребно е да се стави табла со натпис со кој ќе се информираат жителите и посетителите дека истата не е безбедна за употреба, се истакнува во извештајот од Центарот за јавно здравје – Кочани.

Како препорака од Центарот за јавно здравје до Општина Виница, која ги нарачала испитувањата, се нагласува дека кај сите селски водоводи е неопходна редовна дезинфекција.

Испитувањето на примероците од локалните водоводи во останатите седум села покажале задоволителни физичко-хемиски и бактериолошки резултати, но се препорачува како превентива водата да се преврива водата пред да се користи за пиење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот