ХЕЛТИШ, општествено одговорен угостителски објект во Скопје

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ СЕ ЧИТА ВО ХЕЛТИШ!

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата е добропознатото скопско место за здрава храна „Хелтиш“, а во продолжение ќе дознаете повеќе зошто „Хелтиш“ ја доби довербата на потрошувачите, што резултираше на проширување на нивниот синџир на дури три различни локации.

„Хелтиш“ – Тука вкусот и здравјето одат рака под рака

Штом го отворите инстаграм-профилот на „Хелтиш“,, ќе се заљубите во шаренилото на бои со кои изобилуваат нивните оброци. Тука изгледот не ве лаже – колку што изгледаат убаво, толку се и вкусни оброците. Притоа има по нешто за сечиј вкус – во менито на „Хелтиш“ ќе пронајдете голем избор на разновидни производи, од благо до солено, за што и да сте гладни, сите опции се здрави.

Атмосферата во „Хелтиш“

Општествената одговорност на „Хелтиш“ се забележува во целото нивно работење, па најголем дел од намирниците доаѓаат од нашево поднебје, што многу ни се допаѓа. Специјалитетите се подготвени со најквалитетните намирници од што го нуди пазарот во Македонија. Значи, здраво, вкусно и пред сѐ, локално!

Природните путери од јатки на „Хелтиш“

Како што споменаме погоре, „Хелтиш“ го бие добар глас во градот поради стандардизираниот квалитет на својата понуда, што резултираше во проширување на нивните услуги на дури три локации за кратко време.

На кафе, здрава торта и весник во „Хелтиш“

Приказната на „Хелтиш“ започна во Лептокарија, а кога ќе настапат сончевите денови, топлиот објект е совршено место за здрави оброци и пространата тераса со зеленило, на која евидентен е трудот за што попријатна атмосфера на посетителите, важи за една од омилените локации за дружење, но и соло-посети на локалците и туристите.

„Хелтиш“ Лептокарија

Квалитетот на услугите си го направија своето, па набргу „Хелтиш“ ги отвори вратите за љубителите на здрава и вкусна храна и во Дебар Маало, а неодамна вкусните оброци на „Хелтиш“ станаа достапни и на плоштадот „Македонија“ што не направи особено среќни, затоа што сега имаме здрави опции за доручек во непосредна близина на нашата редакција.

„Хелтиш“ Дебар Маало
Само здрави и вкусни опции во излог
„Хелтиш“ Плоштад Македонија (Зграда Телеком)

Домашен банана леб, кремасто тирамису, торта од малина, фалафел, капрезе сендвич… На вкусните јадења им нема крај!

Ако се прашувате што да јадете во „Хелтиш“, пред вас имате навистина голем избор! Кога станува збор за слатките задоволства, одлична комбинација со секоја чаша кафе или друг пијалок од менуто, е едно омилените десерти, парче домашен банана леб, типичен по својата мека текстура и неодолив вкус.

Банана леб, детокс сок и кафе
Чоко-малина веганска торта

Изборот на здрави торти би ги задоволиле сетилата и на најголемите скептици околу вкусот на здравите десерти, а тука е и кремастото тирамису, кое сосема оправадно, важи за еден од најпопуларните десерти во „Хелтиш“. Најважно од се е дека сите слатки задоволства се подготвени природни засладувачи како мед, агаве и урми, за безгрижно уживање во десертите.

Во понудата се достапни и многу колачиња, а нас омилено ни е Сникерс. Неизбежно е да ги спомнеме бројните варијации на неговото височество, чиа пудинг, можеби најпопуларна здрава и вкусна опција за доручек.

Слатки и здрави задоволства во „Хелтиш“

Соленото мени на „Хелтиш“ нуди превкусни оброци полни со неопходните нутритенти кои го прават еден оброк добар за нашето здравје. Фитнес менито, фалафел боул, мексички боул, веге боул, палео боул, пилешко во вок тава – сме ги вкусиле сите и тврдиме дека за што и да се одлучите, протеините никогаш не биле повкусни.

На менито се достапни и сендвичи, како авокадо-јајце сендвичот, капрезе, веге… но и разновидни варијации на врапови како фалафел врап и чикен песто врап.

Сите овие јадења се уредно спакувани и доаѓаат со содветен прибор, што ги прави одличен избор доколку сте во брзање, патувате или сакате да го уживате оброкот во парк – значи нема веќе изговори, здравата храна е вкусна, достапна и погодна за која било локација.

Од „Хелтиш“ ни споделија дека целта на нивното постоење е да понудат здрави и нутритивни оброци, кои истовремено се вкусни. Им предлагаме да постават нови цели, затоа што овие се веќе постигнати!

„Хелтиш“ чиа

Локации и работно време:

„Хелтиш“ Лептокарија
Адреса: Булевар Партизански одреди бр.64/3/17
Работно време: Понеделник – Петок 08:00 – 22:00
Сабота 09:00 – 22:00
Недела – неработен ден

„Хелтиш“ Дебар Маало
Адреса: Улица Пиринска бр.48/1 – локал 4
Работно време: Понеделник – Петок 08:00 – 16:00
Сабота – 09:00 – 15:00
Недела – неработен ден

„Хелтиш“ Плоштад Македонија (Зграда на Телеком)
Работно време:  Понеделник – Петок 08:00 – 15:00
Сабота – Недела – неработен ден

СЕ ЧИТАМЕ ВО „ХЕЛТИШ“!

Тука се чита весникот Слободен печат: МАПА на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот