Хеликоптер фото МИА

ВИДЕО: Хеликоптер за гаснење пожари се урна во езеро во Франција

Хеликоптер за гаснење пожари се урна во езеро во близина на градот Роспорден, во францускиот регион Бретања, додека се обидувал да го наполни со вода. Според информациите, во инцидентот нема жртви.

Хеликоптерот „Моран 29“ оваа година бил ангажиран во 33 интервенции за гаснење пожари и извршил 154 слетувања, најчесто при акции за спречување на шумски пожари.

Снимки од очевидци прикажуваат како леталото се приближува кон водата за да ја наполни специјалната флексибилна кофа, кога неговиот труп и опашка ја допира површината на езерото, по што почнува да се врти без контрола и паѓа. Предупредуваме дека видеото може да вознемири дел од читателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот