Камала Харис, кандидатка за претседател на САД/Фото: Rebecca NOBLE / AFP / Profimedia

Харис најави мирен трансфер на власта: Ова ја разликува демократијата од монархијата и тиранијата

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на изборите Камала Харис не успеа да обезбеди победа на својата партија, а сега првпат се огласи по поразот. Таа уште на почетокот им се заблагодари на сите луѓе кои дојдоа и гласаа за неа. Илјадници луѓе дојдоа да ја слушнат и видат Харис во живо. Громогласен аплауз го придружуваше нејзиното појавување на сцената.

– И јас ве сакам! Дозволете ми да кажам. Моето срце е полно денес, полно со благодарност, љубов кон нашата земја. Исходот не е она што го сакавме, за што се боревме, за што гласавме. Но, слушнете ме, светлината секогаш ќе гори, изјави на самиот почеток Камала Харис.

Таа истакна дека е горда на борбата и како таа се борела.

– Се придржуваме до принципот на мирен трансфер на власта. Ова ја разликува демократијата од монархија и тиранија. Не му должиме лојалност на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав. Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот