Харадинај со евроамбасадорот Орав: Косово мора да се врати на курсот на евроатлантските интеграции

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, на денешната средба со новиот амбасадор на Европската унија во Косово, Аиво Орав, ја истакна посветеноста на неговата партија за да ја поттикне евроатлантската агенда на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата со новиот шеф на мисијата на ЕУ во Косово, Харадинај на својата  страница на Фејсбук напиша дека „Косово мора да се врати на својот курс кон евроатлантските интеграции“.

„Денеска му посакав добредојде на амбасадорот на ЕУ во Косово, г. Аиво Орав…, а воедно ја изразив потребата за напредок на нашата земја кон интеграциите во ЕУ. Како Алијанса, ја потврдив нашата посветеност на интеграциската агенда и поддршката за неопходните реформи што нашата земја мора да ги истурка напред. Нагласив дека Косово треба да се врати на својот курс кон евроатлантските интеграции. Ова патување треба да кулминира со членство во НАТО и ЕУ“, напиша Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот