Авион на авиокомпанијата „Рајанер“ / Фото: Profimedia

Хаос во авион на „Рајанер“: Двајца патници јаделе пасоши, летот присилно слетал во Париз

Несекојдневна сцена се случи на летот од Милано кон Лондон на авиокомпанијата „Рајанер“, кога двајца патници предизвикаа паника меѓу патниците и екипажот откако почнаа да ги уништуваат сопствените пасоши, пренесоа странските медиуми.

Инцидентот се случил околу 20 минути по полетувањето, кога се изгасил знакот за задолжително врзување на појасите. Еден од мажите почнал да кине страници од својот пасош и да ги голта, додека неговиот сопатник се затворил во тоалетот обидувајќи се да ја фрли патната исправа во веце школката.

Ситуацијата предизвикала голема вознемиреност кај патниците, а стјуардесите безуспешно се обидувале да го смират патникот што одбивал да излезе од тоалетот. Атмосферата во авионот станала уште понатегната по јавното соопштение на екипажот заради безбедносни причини.

Поради сомнителното однесување и можен ризик, пилотот донел одлука авионот да биде пренасочен кон Париз. По безбедното слетување, во авионот влегла француската полиција и ги уапсила двајцата мажи, а целиот процес на проверка на патниците и багажот траел околу два часа.

По завршувањето на контролата, летот продолжил кон Лондон. Еден од патниците истакнал дека и покрај вознемирувачката ситуација, екипажот останал смирен и професионален, нагласувајќи дека „авиокомпанијата извонредно се справила со настанот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот